Дома Фудбал Англија Артета добива нов договор во Арсенал, се спрема „чистка“ во соблекувалната?

Артета добива нов договор во Арсенал, се спрема „чистка“ во соблекувалната?

Арсенал и оваа сезона не игра баш најдобро, „топџиите“ испаднаа во полуфиналето од Лигата на Европа, а во Премиер лигата играат сезона во која под голем знак прашалник е излезот во Европа наредната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа лошите резултати изгледа не го загрижиле толку раководството кое спрема нов договор за Микел Артета. Наводно, во клубот сметаат дека тој не е виновен за ваквите резултати.

Освен тоа се спрема „чистка“ во соблекувалната, па ќе биде интересно да се види кој ќе се најде на трансфер листата. Неколку имиња се веќе познати.

На трансфер листата сигурно ќе биде Хектор Белерин за кого интерес покажаа ПСЖ, Јувентус и Интер. Второто име е голманот Бернд Лено, а покрај него тука се Лаказет и Елнени.

Ако Арсенал остане без излез во Европа тоа секако ќе биде тежок удар за навивачите затоа што изгледа како клубот секоја година да е се подалеку од врвот, а не да се доближува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На повидок скандал на Светското првенство: Се зборува за наместен натпревар што ги одредува и судбините на БиХ и Австралија

Во пресрет на последното коло од Групата Д на Светското првенство, социјалните мрежи се пр…