Дома Фудбал Англија Артета верува во победа над Манчестер Јунајтед

Артета верува во победа над Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета после успешниот старт на сезоната верува дека може да победи и во неделното дерби против Манчестер Јунајтед.

Притоа, Артета му посака среќа на својот поранешен играч, Пјер Емерик Обамејанг во Челзи.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Сигурен сум дека ја донесе оваа одлука да му се приклучи на Челзи бидејќи сака повторно промена и се обидува да го најде најдобриот потег за својата иднина. Му посакуваме среќа“, истакна Артета.

„Победивме на гости и претходно, се надевам дека ќе го направиме тоа повторно. Верувам дека сме способни да одиме таму, да го играме нашиот фудбал и да победиме“, додаде менаџерот и на крајот даде коментар за трансфер пазарот.

„Се обидовме да го засилиме тимот и да ги привлечеме најпогодните можни луѓе. Успеавме да го направиме тоа на одредено ниво. Направивме одлични работи, но за жал Томас Партеи се повреди во последен момент. Се обидовме да реагираме, но на крајот на денот треба да се донесе само вистинскиот играч кој мислиме дека е вистинскиот за тимот и за клубот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Манчестер Сити заработува милиони, но и понатаму вози „Голф“ 🎥

Дефанзивецот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Хрватска, Јошко Гвардиол летото минат…