Дома Фудбал Англија Артета бесен после поразот од Тотенхем: Ова е срамота

Артета бесен после поразот од Тотенхем: Ова е срамота

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го изрази своето незадоволство од судењето по поразот од Тотенхем синоќа (3:0)

Арсенал остана со играч помалку во 33-та минута, откако дефанзивецот Роб Холдинг за осум минути доби втор жолт картон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ќе бидам казнет шест месеци ако кажам што мислам. Подобро да не кажувам ништо, бидејќи не можам да лажам. Не сум разочаран од моите играчи, напротив, горд сум на нив. Сакам и судијата да застане пред камера и да ги објасни своите одлуки. Ова е срамота. Да се ​​уништи еден толку добар натпревар на овој начин. Овој натпревар е историја. Не чека следниот против Њукасл. Се е во наши раце, ние сме должни да си ја работиме работата“, коментира Артета.

Арсенал и Тотенхем се во битка за четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Арсенал моментално има 1 бод предност пред Тотенхем, а до крајот на сезоната остануваат уште две кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Виљареал преговара со Реал Мадрид за Себаљос

Виљареал води преговори со Реал Мадрид за можноста да го привлече шпанскиот играч од средн…