Дома Фудбал Англија Арсенал треба да му плати 2 милиони на Сити за Артета

Арсенал треба да му плати 2 милиони на Сити за Артета

Арсенал треба да му плати на Манчестер Сити обештетување од два милиони фунти за Микел Артета, пренесуваат медиумите на Островот.

Шпанецот во моментов е асистент на Пеп Гвардиола на „Етихад“, но „топџиите“ се во напредни преговори и се надеваат наскоро да го назначат за нов кормилар на Арсенал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Назначувањето на Артета е очигледно само прашање на време, бидејќи Арсенал ја одложи денешната закажана пресконференција на привремениот менаџер Фреди Љунгберг за утре.

Англиските медиуми пишуваат дека Швеѓанецот може да остане во штабот на Артета и двајцата да го водат тимот во саботниот натпревар против Евертон.

Самиот Артета веќе се договори со Арсенал и се очекува само да стави потпис на 3,5-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…