Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Челзи и италијански репрезентативец, Жоржињо, пренесува еминентниот новиар Фабрицио Романо.
Арсенал сака до крајот на преодниот рок да доведе засилување за средниот ред, а прва и наголема желба е Каиседо од Брајтон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Брајтон денес ја одби понудата од 70 милиони фунти за Еквадорецот, па Арсенал мора да разгледува алтернативи.
Најнова желба на Артета е Жоржињо, кого на крајот на сезоната му истекува договорот со Челзи и нема најави за негово продолжување.
Челзи е отворен за продажба на Жоржињо, но тешко ќе се согласи да го пушти во директен ривал од Премиер лигата.
Arsenal approach Chelsea for Jorginho! It’s now an option in case Caicedo deal won’t go through with Brighton still reluctant to sell 🚨⚪️🔴 #AFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 30, 2023
Chelsea, open to sell Jorginho but will ask for important fee to let him leave 6 months before end of contract #CFC pic.twitter.com/ahkNSwakqC