Арсенал не се откажува од намерата да го доведе во своите редови Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат медиумите на Островот.
Србинот веќе долго време е на мета на „топџиите“, но трансферот не се реализира поради високата отштета која ја бара Лацио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
СМС блеска и оваа сезона, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лацио е под притисок.
Поради тоа Арсенал верува дека со понуда од 75 милиони евра ќе го убеди италијанскиот клуб да го пушти Милинковиќ-Савиќ.
Јувентус важеше како фаворит за неговиот потпис, но поради лошата ситуација во клубот најверојатно ќе се откаже од Србинот.
Тоа сака да го искористи Арсенал, кој веќе почнал да работи на трансферот.