Дома Фудбал Англија Арсенал пронајде решение за крилната позиција?

Арсенал пронајде решение за крилната позиција?

Арсенал, барем според најавите на англиските медиуми, ќе биде прилично активен на трансфер пазарот во летниот преоден рок.

Топџиите предводени од Уни Емери имаат намера да направат корекција во играчкиот кадар во намера да бидат конкурентни кога во прашање е борба за насловот, а една од позициите која ќе се освежи е крилната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со оглед дека екипата на Арсенал после оваа сезона може да остане со само двајца класични крилни играчи, Михтеријан и Ивоби, поради тоа на Емери му е потребно засилување, а на листата на желби е Рајан Фрејзер од Борнмут.

Иако се шпекулираше дека Ундер е мета број еден, Топџиите наводно оцениле дека овој шкотски фудбалер полесно може да се вклопи во тимот на Арсенал, а исто така ќе биде и поефтина варијанта. Фрејзер покажа дека има одлично чувство за гол, технички е добро поткован, а зад себе има и доста добра статистика.

Во Премиер лигата Фрејзер оваа сезона постигна шест погодоци и запиша 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Донарума како да бараше „жртва“ – сакаше да се тепа во Зеница (Видео)

Италија трет пат по ред нема да учествува на Светското првенство. Овој пат, на Мундијалот …