Унаи Емери веќе е во потрага на засилувања за следната сезона, а едно од нив би можело да биде Исмаил Сар.
Овој 21-годишен Сенегалец важи за еден од најталентираните играчи во Лига 1, а неговиот Рен во случај на продажба сака добро да заработи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал е заинтересиран за Сар, кој против Топџиите во овогодинешното осминафналер во ЛЕ постигна погодок, но за негов евентуален потпис мора да плати околу 50 милиони евра.
Наводно челниците на Арсенал воспоставиле контакти со Рен околу можен трансфер, а добиле одговор дека Сенегалецот нема да го продадат без најмалку 50 милиони евра.
Инаку, Арсен се поврзува и со играчот на Лил, Николас Пепе кој би бил поскапо решение. Интересно е што Сар се споменува како можна замена за Пепе во Лил доколку репрезентативецот на БСК ова лето направи трансфер.
Зад младиот Сар е одлична сезона во која одигра 50 натпревари за Рен во сите натпреварувања, постигна 13 погодоци и запиша 11 асистенции.