Дома Трансфер зона Арсенал испратил понуда за Милинковиќ-Савиќ

Арсенал испратил понуда за Милинковиќ-Савиќ

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал испратил понуда за ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

„Топџиите“ преку агентот на играчот испратиле понуда од 35 милиони фунти, а интерес за Србинот покажуваат уште Вест Хем и Њукасл од Премиер лигата.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Арсенал е во потрага по квалитетен играч за врска, а Артета верува дека СМС идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Меѓутоа, Лацио веднаш ја одбил понудата бидејќи бара поголема сума за слободата на 28-годишниот играч за врска.

Сепак, договорот на Милинковиќ-Савиќ истекува во 2024 година, па на лето Лацио ќе мора да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тен Хаг

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Ман…