Дома Фудбал Англија Арсенал без Обамејанг против Манчестер Јунајтед

Арсенал без Обамејанг против Манчестер Јунајтед

Арсенал некое време нема да може да смета на најдобриот играч, Пјер Емерик Обамејанг, потврди тренерот Микел Артета.

Капитенот е надвор од тимот поради приватни проблеми, а Артета не прецизираше кога ќе се врати на терените.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Обамејанг има проблеми и мора да му прижи поддршка на семејството. Мора да биде со нив во моментов“, изјави Артета и потврди дека напаѓачот ја напуштил Англија.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Обамејанг заминал во татковината за да и даде поддршка на својата болна мајка и дека после враќањето му следува задолжителен карантин.

Тоа значи дека напаѓачот сигурно нема да биде во можност да игра на дербито против Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе му даде 60.000 евра на полицаец, принуден е да замине во пензија

Полицаецот кој беше задолжен за безбедноста на фудбалската репрезентација на Франција е ка…