Дома Фудбал Англија Арсен Венгер го спореди „непобедливот“ Арсенал со денешниот Манчестер Сити!

Арсен Венгер го спореди „непобедливот“ Арсенал со денешниот Манчестер Сити!

Meнаџерот на Арсенал, Арсен Венгер во текот на конференцијата за медиуми пред натпреварот против Њукасл зборуваше и за лидерот Манчестер Сити, споредувајќи ја сегашната ситуацијата во таборот на „граѓаните“ и серијата непобедливост на „топџиите“.

Екипата на Пеп Гвардиола од стартот на сезоната испушти само два бода и е лидер во Премиер лигата со 49 бодови и гол разлика +41. Венгер во сезоната 2003/2004 со Арсенал не претрпе пораз во текот на целата сезона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Ние немавме нафта, но имавме идеја, тие имаат и идеја и нафта. Секако мислам на парите кои ги вложуваат во клубот. На секој проект тоа му е потребно. Кога ќе го споите нивниот квалитет и парите кои ги имаат, ќе заклучите дека имаат се што потребно, од менаџмент, стручен штаб, играчи… Тоа не е лесно да се постигне и заслужува почит“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Раниери може да стане селектор на Италија – има само еден услов!

Лучијано Спалети заминува од клупата на Италија по денешниот натпревар против Молдавија, п…