Дома Фудбал Останато Арда Туран открива: Банкарка ме измами, изгубив 13 милиони евра

Арда Туран открива: Банкарка ме измами, изгубив 13 милиони евра

Поранешниот турски репрезентативец Арда Туран откри во медиумите дека останал без пари откако бил измамен од банкарка.

Поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид и Барселона раскажа за измамничка шема која ја водела извесна Сеџил Ерзан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ме измами. Таа ме намами со зборовите дека кој и да инвестира во фондот што таа го управува ќе заработи добри пари. И дадов повеќе од 13.000.000 евра“.

Сфатил дека е измамен кога веќе било доцна.

„Таа ги зеде сите пари што ги заработив и ме измами. Сe што заработив во текот на мојата кариера исчезна“, додаде Туран.

Истрагата на турската полиција открила дека Туран не е единствениот фудбалер кој останал без милиони. \Жртви биле и Фернандо Муслера, Емре Белозоглу, Емре Чолак како и тренерот Фатих Терим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Леон Бејли е нов играч на Рома

Леон Бејли, крило од Астон Вила и репрезентативец на Јамајка, следната сезона ќе ги брани …