Дома Трансфер зона Арда Туран не мрда од Барса: Играм за најдобрите!

Арда Туран не мрда од Барса: Играм за најдобрите!

Фудбалерот на Барселона, Арда Туран во последно време често се поврзуваше со трансфер во Кина.

Поради тоа, турскиот репрезентативец се огласи јавно и потврди дека е фокусиран само на Барселона и има намера да го одработи својот договор со каталонскиот гигант до крај.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Имам актуелен договор со Барселона кој што планирам да го испочитувам до самиот крај. Играм во екипа во која што играат најдобрите светски фудбалери и многу сум среќен тука“, изјави Арда Туран.

„Верувам дека, барем досега, сум успешен во Барселона. Се трудам да бидам важен играч во оваа екипа. Кога ќе ми заврши договорот со Барса ќе имам 33 години и тогаш ќе мислам каде да продолжам“, додаде Туран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Александер Арнолд уште од јануари во Реал

Трент Александер-Арнолд може да го напушти Ливерпул уште во јануари бидејќи според последн…