ЛИОНЕЛ МЕСИ постигна два гола и асистираше во победата на Аргентина над Гватемала со 4-1 на загревањето за Копа Америка.
Откако пропушти два претходни пријателски натпревари поради повреда, а потоа одигра само 34 минути во победата од 1-0 против Еквадор, Меси се врати во стартниот тим на Аргентина за прв пат од ноември минатата година и веднаш покажа дека се уште е нивни лидер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај тоа што беше двоен стрелец и асистенција за голот на Лаутаро Мартинез во 66. минута, Меси успеа да ја погоди рамката од голот од слободен удар и да учествува во акцијата со која Аргентина доби пенал.
Тој пропушти шанса за хет-трик откако му дозволи на Лаутаро да изведе удар од белата во 39. минута.