Дома Трансфер зона Анчелоти ја сака ѕвездата на Лестер

Анчелоти ја сака ѕвездата на Лестер

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е во потрага по дефанзивен играч за врска, а прва цел е играчот на Лестер, Вилфред Ндиди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анчелоти е во потрага по играч кој ќе може да биде алтернатива за Каземиро и смета дека Ндиди перфектно би се вклопил во неговиот стил на игра.

Карло Анчелоти сака да донесе уште еден дефанзивен играч за врска кој ќе и помага на одбраната. Летово пристигна Камавинга, но Французинот не е таков профил на играч.

Шпанските медиуми пренесуваат дека поради тоа „кралевите“ се откажале од Погба и се насочиле кон играчот за врска на Лестер.

Ндиди се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Премиер лигата и ова лето беше мета на многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…