Карло Анчелоти потврди дека преговарал со репрезентацијата на Бразил, но негов приритет секогаш бил останување во Реал Мадрид.
Искусниот Италијанец стави потпис на нов договор со „кралевите“ и откри дека Реал ќе биде негов последен клуб во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу сум среќен за новиот договор, сега се е полесно. Клубот е задоволен со мојата работа и не сакаше да чека до крајот на сезоната. Јас сум горд на тоа. Ова ќе ми биде последен ангажман во кариерата. Го сакам Мадрид и сакам да останам тука. Можеби и ќе живеам тука кога ќе заминам во пензија“, изјави Анчелоти.
„Цел свет знае дека бев во контакт со поранешниот претседател на сојузот во Бразил. Тоа ме прави горд, ама зделката беша на „стенд бај“ бидејќи јас го чекав Реал“, призна Италијанецот.