Дома Фудбал Италија Анчелоти пред дербито: Нема да бидам задоволен со реми!

Анчелоти пред дербито: Нема да бидам задоволен со реми!

Тренерот на Наполи, Карло Анчеоти јавно ги соопшти очекувањата од неговиот тим пред утрешното дерби со Јувентус.

Анчелоти го пофали својот колега Макс Алегри и потврди дека има фантастичен однос со Кристиано Роналдо уште од времето кога работеше во Реал Мадрид.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Мечот со Јувентус ќе биде спектакл. Сакам да го видам Наполи каков што го гледав последните две недели. Ќе биде тешко да ги изберам стартните 11 бидејќи располагам со многу добри фудбалери. Лоренцо Инсиње ја промени позицијата и сега е во одлична форма“, истакна Анчелоти.

„Кон Роналдо чувствувам огромна приврзаност. Не само поради тоа што го прави на теренот, туку и пради неговите човечки квалитети. Многу сум среќен што дојде во Италија. Треба да одиграме одлично во сите зони од теренот. Не прифаќам реми, јас секогаш се борам за победа“, заклучи искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бизарно: На хрватски клуб му ја украдоа косилката – немаме пари за нова!

Фудбалскиот клуб Градиќи, учесник во 4. НЛ Средиште, остана без трактор-косилка, која е не…