Дома Фудбал Анчелоти: Нашата цел е да играме финале во ЛШ

Анчелоти: Нашата цел е да играме финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анечелоти зборуваше на пресконференција пред утешниот меч со Интер во Лигата на шампиони.

„Интер е тим кој се движи многу добро кога ја има топката. За нас ова е меч за престиж против голем клуб. Ќе играме за трите бода и за првото место во групата. Нашата идеја е да се подготвиме одлично за секој меч, а нашата цел е да играме во финалето од ЛШ“, изјави Анчелоти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Кога се зборува за Реал Мадрид очекувањата се најголеми, и поради тоа сме најдобриот клуб во светот. Што се однесува до Винисиус, привилегија е што игра за нас. Разликата од минатата година е што тој може да одлучи натпревар дури и кога не игра добро“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Обамејанг пред сензационално враќање!

Пјер-Емерик Обамејанг наскоро ќе стане слободен играч, а потоа може да се врати во –…