Дома Фудбал Анчелоти: На полувремето рековме дека мора да постигнеме три гола. Звучеше како утопија

Анчелоти: На полувремето рековме дека мора да постигнеме три гола. Звучеше како утопија

Реал Мадрид со пресврт во второто полувреме ја победи Борусија Дортмунд со 5:2 на својот Сантијаго Бернабеу. Херој на Кралскиот клуб беше Бразилецот Винисиус Јуниор, кој постигна три гола. Крилниот напаѓач на Реал сезонава е фаворит за Златната топка, а неговиот тренер Карло Анчелоти не се сомнева дека ќе ја освои.

“Ретко некој го игра вака второто полувреме. Не го велам тоа затоа што постигна три гола, туку затоа што покажа карактер. Ќе ја освои Златната топка, не поради тоа што го покажа вечерва“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


“На полувремето рековме дека мора да постигнеме три гола. Се чинеше како утопија, но почнавме со мали нешта. Разговаравме за тоа дека треба да поминуваме подобро и да победуваме во дуелите. Моравме да ја промениме динамиката на играта ако сакаме да победиме.

Бевме мирни на полувремето, го променивме системот на игра и го подигнавме интензитетот и се договоривме да притиснеме високо. Ова беше најдоброто второ полувреме во сезоната“, објасни тренерот на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ од Островот: Чави се враќа на тренерската работа и тоа во – Премиер лигата?!

Според островскиот „Дејли Мејл“, Чави Ернандез е новиот фаворит за клупата на Манчестер Ју…