Со победата од 1:0 на Селта со голот на Џуд Белингем во 81. минута, РЕАЛ го задржа перфектниот учинок и по третото коло од Ла Лига.
Но, тренерот Карло Анчелоти беше лут по победата. Причината за ова е што Лука Модриќ не го изведе пеналот за Реал во 68. минута, туку му препушти на Родриго.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Бразилецот избори пенал, но брилијантно го одбрани Иван Виљар.
Модриќ беше замена и на третиот натпревар на Реал оваа сезона и во игра влезе пет минути пред пеналот.
По натпреварот, Анчелоти на пресот изјави: „Позната е хиерархијата на изведувачите на пенали.
Винисиус е прв, а Модриќ втор. Бидејќи Вини се повреди порано, а Модриќ беше во игра, тогаш пеналот мораше да го изведе Лука.
Тој го знае тоа и мораше. Сепак, тоа го направи Родриго. Не знам зошто Модриќ го дозволи тоа, бидејќи не само што знае дека тој е изведувачот, туку дури и пред овој пенал му кажав дека мора да шутира.
Играчите не одлучуваат кој ќе го изведе пеналот, јас одлучувам!