Дома Трансфер зона Анчелоти купува од ПСЖ: Наполи не сака да биде во сенка на Јувентус

Анчелоти купува од ПСЖ: Наполи не сака да биде во сенка на Јувентус

Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти сака во наредната сезона да има тим кој ќе биде рамо до рамо со Јувентус во трката за првак на Италија.

Иако тимот од Сан Паоло се уште нема донесено големо засилување, има листа на трансфер желби, а прв на неа е фудбалерот на ПСЖ, Анхел Ди Марија.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Анчелоти ги контактирал ПСЖ и Ди Марија. Постои желба за соработка од страна на аргентинскиот фудбалер, но и францускиот првак нема да има ништо против за негова продажба.

Меѓутоа, проблем е платата за 30-годишниот фудбалер. Во ПСЖ заработува 10 милиони евра по сезона, а доколку направи трансфер во Наполи таа сума ќе биде значително помала.

Не се знае уште дали Ди Марија ќе биде спремен за такво нешто. Сумата која ја заработува не е мала и тоа на крајот може да пресуди за овој потенцијален трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона или Баерн – кој ќе стигне прв до еден од најдобрите бекови во Европа?!

Aлехандро Грималдо е име што се појавува на фудбалскиот пазар. Според пишувањата на катало…