Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денес доби добри вести пред утрешниот реванш во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Едуардо Камвинга се повреди во саботата против Гетафе, но денешните прегледи покажаа дека Французинот имал само моментална болка поради ударот и ќе нема никакви проблеми да настапи против „граѓаните“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Камвинга би требало да биде спремен и утре да го одработи комплетниот тренинг. Според најавите Анчелоти има намера Камвинга да стартува во средината, а Алаба да игра како лев бек, бидејќи во срцето на одбраната се враќа Милитао по одработена суспензија.
Составот на Реал во среда би требало да изгледа вака:
Куртоа, Карвахал, Милитао, Рудигер, Алаба, Камвинга, Крос, Модриќ, Валверде, Винисиус, Бензема.