Дома Фудбал Италија Анчелоти: Би било добро денешниот кикс да биде поука за Звезда

Анчелоти: Би било добро денешниот кикс да биде поука за Звезда

Наполи денеска изненади откако ремизираше со Киево на свој терен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанскиот вицепрвак во поголемиот дел од натпреварот ја имаше доминацијата на теренот, но не успеа да го пронајде патот до голот на гостите од Верона.

Беше ова пробен тест за Наполитанците пред натпреварот во ЛШ против Црвена Звезда, кој не помина баш најдобро.

„Овој натпревар денеска треба да ни послужи да извлечеме некоја поука пред дуелот со Звезда. Би било добро тоа да се случи, бидејќи во среда може да биде слична ситуацијата на теренот.“

Наполи зад првопласираниот Јувентус сега заостанува големи осум бода, но го држи второто место пред Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати составите: Седлоски направи неколку измени, Ѓулер од првата минута за Турција!

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 19:30 часот ја игра втората контролка …