Наполи и Барселона вечерва ќе го одиграат својот втор пријателски натпревар во само неколку дена.
Каталонскиот тим во првиот натпревар славеше со 2:1, а во очи на вториот натпревар Карло Анчелоти се обрати пред новинарите на прес конференција и зборуваше за некои други теми.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Имено, играчот на ПСЖ, Нејмар одамна е на излените врати на клубот од Париз, а моментално се води борба помеѓу Барселона и Реал Мадрид за да го донесат во своите редови.
Анчелоти смета дека Ернесто Валверде ќе има проблеми да му најде место во првата постава на Бразилецот.
„Ако дојде Нејмар, нема да му биде лесно на Валверде да го состави својот тим.“ – рече Анчелоти на својата прес конференција пред натпреварот.