Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати го промени својот менаџер, пренесува „Мундо Депортиво“.
Фати сега е „пулен“ на португалскиот агент Жорге Мендеш, кој му е агент на Кристиано Роналдо и редица други фудбалски ѕвезди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До сега агент на 17-годишниот Фати беше братот на Лионел Меси, Родриго, а претходно ги користеше услугите на Жуниор Мингеа.
Таткото на фудбалерот Бори Фати исто така зема важна улога во преговорите, но сега за неговата кариера ќе се грижи Жорге Мендеш.
Во тек се преговори помеѓу Барселона и фудбалерот за продолжување на договорот според кој Ансу Фати ќе добива значително поголема плата, но и ќе има многу поскапа откупна клаузула од 400 милиони евра.
Интерес за Фати покажуваат многу европски клубови, а најсилен е интересот од Манчестер Јунајтед.
? — Ansu Fati dropped Messi's brother as his agent and has now signed with Portuguese super-agent Jorge Mendes. [md] pic.twitter.com/gecoebcHX3
— Barça Universal (@BarcaUniversal) August 19, 2020