Дома Топ вести Ансу Фати: Барса ми беше приоритет, имав и други понуди

Ансу Фати: Барса ми беше приоритет, имав и други понуди

Барселона денес официјално на пресконференција го претстави новиот договор на Ансу Фати.

18-годишниот талент ја потврди својата верност кон Каталонците до 2027 година и во новиот договор има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ансу Фати ги одби сите останати понуда и потврди дека Барселона бил негов приоритет.

„Од самиот старт му кажав на Жорге Мендеш дека прва опција ми е Барса, тој разбра перфектно и постигнавме договор со Барса. Имав неколку понуди од странство, но секогаш беше јасно дека сакам да продолжам да растам и да бидам успешен тука“, изјави Фати.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот за довербата и тоа што ми овозможи да продолжам во Барселона уште неколку години. Сакам да постигнувам успеси со овој клуб“, додаде младиот талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Руни: Трансферите на Јунајтед порано беа катастрофални. Погледнете ги Лукаку, Златан и Погба

ВЕЈН РУНИ сурово ја критикуваше трансфер стратегијата на Манчестер Јунајтед од пред период…