Реал Мадрид оваа сезона во Лигата на шампионите режираше три кам-бека, против ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити со што се избори за ново финале во кое ќе игра против Ливерпул.
После полуфиналето против Манчестер Сити во фудбалската јавност многу се коментираше за менталитетот кој го имаат „кралевите“ кога во прашање е најелитното европско натпреварување. Еден од оние кои коментираа беше и славниот Французин, Тиери Анри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Анри даде изјава која многу брзо се рашири низ светските медиуми.
„Во Европа сите се плашат од Реал Мадрид, а Реал Мадрид се плаши од Барселона“, прокоментира Анри кој три години беше дел од редовите на Барселона и играше во тимот под водство на Пеп Гвардиола.
Доби прашање Анри и кој според него е фаворит во финалето кое се игра на 28. мај во Париз.
„Според мене Ливерпул ќе ја освои Лигата на шампионите, во овој момент верувам дека се поквалитетен тим од Реал Мадрид“, исстакна Анри.