Дома Фудбал Останато Анри не е изненаден од измената на Меси

Анри не е изненаден од измената на Меси

ПСЖ синоќа со 2:1 го победи Лион, а во центарот на вниманието беше Лионел Меси, кој синоќа го одигра првиот меч на „Паркот на принцовите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси беше заменет во 76-та минута, кој видно лут поради тоа одби да се поздрави со Покетино и негодуваше од клупата.

Легендата на францускиот фудбал, Тиери Анри сепак не е изненаден што Меси беше заменет синоќа при резултат 1:1.

„Не сум изненаден од измената на Меси, но да не правиме контроверза од сето ова. Сигурно ќе дојде денот кога ќе постигне гол. Потребно е време за адаптација. Можеби не сакаше да излезе надвор и тоа беше евидентно, а никој не може да тврди што точно си кажаа со Покетино. Дефинитивно сакаше да остане на теренот за да постигне гол“, изјави Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Деко сака да ја продаде ѕвездата на Барса за 70 милиони евра, но Флик прво сака да разговара со играчот

Жил Кунде се наоѓа во центарот на важните одлуки кои се однесуваат на неговата иднина во Б…