Дома Фудбал Останато Анри не е изненаден од измената на Меси

Анри не е изненаден од измената на Меси

ПСЖ синоќа со 2:1 го победи Лион, а во центарот на вниманието беше Лионел Меси, кој синоќа го одигра првиот меч на „Паркот на принцовите“.

Меси беше заменет во 76-та минута, кој видно лут поради тоа одби да се поздрави со Покетино и негодуваше од клупата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Легендата на францускиот фудбал, Тиери Анри сепак не е изненаден што Меси беше заменет синоќа при резултат 1:1.

„Не сум изненаден од измената на Меси, но да не правиме контроверза од сето ова. Сигурно ќе дојде денот кога ќе постигне гол. Потребно е време за адаптација. Можеби не сакаше да излезе надвор и тоа беше евидентно, а никој не може да тврди што точно си кажаа со Покетино. Дефинитивно сакаше да остане на теренот за да постигне гол“, изјави Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …