Дома Фудбал Анкетата го демантира Кристијано Роналдо

Анкетата го демантира Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо е убеден дека тој е најдобриот на сите времиња, но потврда за тоа тврдење нема ниту од навивачите на Реал Мадрид.

Шпански „АС“ спроведе анкета со прашање кој е најдобриот фудбалер на Реал Мадрид на сите времиња, веројатно да се “опипа пулсот” после неговата изјава која направи многу “галама”, бидејќи Португалецот после добивањето на петата Златна топка рече дека е најдобриот играч на сите времиња.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На читателите им беше понудено да изберат една од двете опции: Алфредо Ди Стефано или Кристијано Роналдо.

Одзивот беше прилично добар, бидејќи гласаа повеќе од 20 илјади читатели, а Ди Стефано однесе прилично убедлива победа.

За Роналдо гласале 38,38% или 7866 гласови, додека за Ди Стефано гласале 61,61% или 12628 гласа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо и Буфон први ја напуштаат Италија?

Џанлуиџи Буфон (48) навести дека тој и селекторот Џенаро Гатузо (48) ќе останат на чело на…