Финли Брнс има само 13 години, а веќе потпиша богат договор за еден од најголемите клубови во Премиер лигата.
Имено, Манчестер Сити плати рекордни 175.000 фунти за 13-годишниот „вундеркинд“ Финли Брнс, кој претходно беше член на Саутенд.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Во зависност од неговите идни успеси обештетувањето би можело да порасни дом 250.000 фунти. За ова талентирано дете интерес покажаа Ливерпул, Челзи и Арсенал, но неговите родители ја прифатија понудата на Сити.
Иако има само 13 години, тој за У-16 тимот на Саутенд одигра неколку партии кои не поминаа незабележано од големите клубови. Поради тоа Сити се одлучи да плати сума која е рекордна кога станува збор за играч на негова возраст.