Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Англиската легенда жестоко удри по Италијанците: Шокиран сум колку беа грозни!

Англиската легенда жестоко удри по Италијанците: Шокиран сум колку беа грозни!

Репрезентацијата на Италија денеска беше елиминирана од Швајцарија во осминафиналето на Европското првенство со пораз од 2:0.

Актуелните европски шампиони изгледаа лошо на теренот и така се простија од надежта дека можат да ја одбранат титулата. Швајцарија победи со головите на Ремо Фреулер и Рубен Варгас.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Швајцарија доминираше од првата минута на теренот и Италија апсолутно не заслужи да победи. Жестоки критики за Италијанците имаше и легендарниот Алан Ширер.

„Навистина сум шокиран колку Италија беше грозна, не понудија ништо на ниту една позиција и беа катастрофални цел натпревар. Швајцарија си поигруваше со нив“, изјави Ширер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Белингем реагираше нервозно поради замената. Тухел: Морам да го разгледам случајот

АНГЛИСКИОТ селектор Томас Тухел го предупреди Џуд Белингем дека “однесувањето е клуч…