Селекторот на македонската фудбалска репрезентација преку Фејсбук испрати порака пред вечерашниот натпревар против Австрија.
„Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македонија денеска да се чувствува гордо. Денес цел свет ќе застане во чест на македонската химна.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вие сте моите херои и оваа бајка ќе ја паметам до крајот на мојот живот. Благодарам на целиот наш народ без разлика на вера и нација за поддршката.
Ви благодарам и Ве сакам. Одиме по историја!“, напиша Ангеловски на Фејсбук.
Да потсетиме, дуелот помеѓу Македонија и Австрија е со почеток од 18.00 часот.