Српската тенисерка Ана Ивановиќ на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека става кај на својата кариера.
Поранешната број 1, 29-годишната Ивановиќ, реши да се повлече од професионалниот тенис поради неможноста и натаму да се натпреварува на највисокото ниво.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ивановиќ минатата сезона поради проблеми со повредите одигра само 15 мечеви.
Најголемиот успех во кариерата го оствари во 2008 година кога на терените на Ролан Гарос го освои својот прв и единствен грен слем турнир. По освојувањето на Ролан Гарос таа беше прва на ВТА листата. На првото место се задржа 12 недели.
Во кариерата Ивановиќ освоила 15 титули и заработила 15,510,787 долари.