Дома Фудбал Англија Аморим сакал да оди во Манчестер јунајтед на крајот од сезоната, но понудата била – сега или никогаш!

Аморим сакал да оди во Манчестер јунајтед на крајот од сезоната, но понудата била – сега или никогаш!

Како што е потврдено, Рубен Аморим ќе биде новиот тренер на Манчестер јунајтед и тој во клубот ќе пристигне на 11 ноември како наследник на Ерик Тен Хаг, а до неговото доаѓање тимот ќе го предводи Руд Ван Нистелрој.

Сега за првпат Аморим зборуваше за неговата ситуација и објасни дека од претходно донел одлука актуелната сезона да биде последна за него на клупата на португалскиот гигант.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„На стартот од сезоната зборував со претседателот и му реков дека ова е моја последна сезона во Спортинг. Сезоната почна многу добро, а потоа се појави Манчестер јунајтед и ја плати клаузулата. Никогаш не сум имал кавга со претседателот“.

Се обидел да се договори со клубот од „Олд Трафорд“ да пристигне на крајот од сезоната, но тоа не било опција.

„Го прашав Манчестер јунајтед дали може да им се приклучам по крајот од сезоната. Тоа беше тоа што го сакам, но од Манчестер јунајтед ми рекоа не. Сега или никогаш. Па требаше да донесам одлука и реков да. Имав добиено понуди од многу клубови во изминатите месеци, но клубот кој го сакав беше Манчестер јунајтед“, откри Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар повторно се повреди

Нејмар неодамна се врати на терените по едногодишна пауза, но повторно се повреди на вечер…