Дома Видео Алисон го избра најдобриот тим на сите времиња, што на тоа ќе каже Роналдо?

Алисон го избра најдобриот тим на сите времиња, што на тоа ќе каже Роналдо?

Голманот на репрезентацијата на Бразил, Алисон го избра најдобриот тим на сите времиња.

Еден од најдобрите голмани на денешницата во тимот помеѓу останатите место најде за довчерашниот соиграч Франческо Тоти, а тука е уште еден поранешен играч на Рома, Кафу. Како што беше и очекувано, во неговиот тим доминираат бразилците, па така во врвот на нападот се Роналдо и Нејмар, бекови Кафу и Карлос, а на голот е Тафарел.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересно, во тимот нема место за најдобриот светски фудбалер и петкратниот добитник на Златната топка Кристијано Роналдо. Предност пред него во нападот добија Нејмар, Меси и Роналдо.

Тимот на Алисон:

Тафарел, Роберто Карлос, Фабио Канаваро, Паоло Малдини, Кафу, Андреа Пирло, Зинедин Зидан, Франческо Тоти, Лео Меси, Нејмар, Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Дени Мусовски е подготвен да го облече дресот на Македонија

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, откри дека Дени Мусо…