Поранешниот англиски репрезентативец, Џо Харт наскоро би можел да пронајде нов клуб.
Харт, кој денес има 33 години ќе биде слободен агент на лето и ќе побара нов клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Порталот „Фудбал Инсајдер“ пренесува дека засега најсериозен кандидат за негово доведување е тимот во кој настапува македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски, Лидс.
Лидс е лидер во Чемпионшип и ако сезоната продолжи веројатно ќе нема проблем да се пласира во друштвото на најдобрите. Клубот може да остане без првиот чувар на мрежата Кико Касиља, а Харт би требало да дојде како негова замена.
Поранешниот голман на Манчестер Сити наводно е спремен и да ја намали платата за да потпише за Лидс.
Инаку, во овој момент Харт е член на Барнли за кој настапува од летото 2018 година, сезонава го изгуби местото во стартниот тим и во целата сезона настапи само на три натпревари.