Дома Фудбал Италија Алесандро Матри објави крај на кариерата: Не сакам да правам будала од себе

Алесандро Матри објави крај на кариерата: Не сакам да правам будала од себе

Познатиот италијански напаѓач Алесандро Матри објави крај на кариерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Матри за првпат поголемо внимание на себе сврте на почетокот на изминатата деценија со неговите настапи во Каљари од каде што направи трансфер во Јувентус. Играјќи за „старата дама“ Матри стана и стандарден член на репрезентацијата на Италија. Сега самиот сфати дека е време да каже крај на професионалното играње фудбал.

Во пензија Матри заминува на 35 години после лошата епизода во редовите на Бреша откако беше ослободен од Сасуоло.

„Кога започнав не можев да замислам дека ќе имам ваква кариера во која освоив три Скудета. Не можам да се пожалам, но сега дојде крајот на патот. Одлуката за завршување на кариерата ја донесов откако видов како поминаа моите последни шест месеци во Бреша. Кога ме ослободи Сасуоло не добив многу понуди и не бев задоволен. Сега не сакам да правам будала од себе, животот како фудбалер сигурно ќе ми недостасува“, изјави Матри кој трите Скудета ги освои со Јувентус.

Во кариерата го носеше дресот овој напаѓач го носеше и дресот на Милан..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…