Јувентус веќе го oсигура пласманот во следната фаза од Лигата на шампиони, а утре му гостува на Челзи во дуел за првото место во групата.
Челзи на тој меч ќе биде без Ромелу Лукаку, а Алегри тврди дека „сините“ се поопасни без Белгиецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ќе играме за првото место во групата, но знаеме дека ќе биде тешко бидејќи играме против лидерот во Премиер лигата. Без Лукаку Челзи има различни карактеристики, тимот е побрзо, понепредвидлив и поопасен за нас“, изјави Алегри.
Алегри исто така има проблем со повредени фудбалери и нема да може да смета на Киелини, Де Шиљо и Данило, додека Дибала се уште е неизвесен.