Дома Фудбал Италија Алегри: Пјаниќ е врвен фудбалер

Алегри: Пјаниќ е врвен фудбалер

Миралем Пјаниќ игра фантастична сезона во дресот на торински Јувентус.

Репрезентативецот на БиХ од година во година е се подобар, а според тврдењето на тренерот на Старата дама Макс Алегри, Пјаниќ е моментално врвен играч и слабост во неговата игра нема.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Пјаниќ го отстрани недостатокот од играта и сега е врвен играч. Има визија, врвно додавање, а одигра неверојатен натпревар против Милан каде покажа какво ниво на додавање поседува.“ – изјави Алегри и додаде:

„Исто така, работи одлично и во дефанзива и тоа ни овозможува да изработиме контра. Понекогаш го вадам од игра за да го одморам и да му дадам шанса на Бентанкур кој исто така е одличен фудбалер.“

Пјаниќ е член на Јуве од 2016. година и за сега освои два наслови првак на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато кога ќе биде доделена Златната топка за оваа сезона

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално објави дека 69. доделување на Златната топка,…