Тренерот на Јувентус, Макс Алегри зборуваше отворено за својата иднина, како и за иднината на најголемите ѕвезди во неговиот тим.
Алегри потврди дека го одбил Реал и неколку други клубови за да остане во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на „бјанконерите“ притоа истакна дека Дибала ќе остане во Торино уште неколку сезони, а потоа наброи три клубови каде би можел да се пресели младиот Аргентинец.
„Неговата иднина? Зборував со него пред да замине и неговата цел е да има уште неколку добри сезони со нас и потоа да оди во одличен тим да се подобри. Ако играте за Јувентус имате само три шанси да се подобрите: Баерн, Реал и Барселона“, заклучи Алегри.
„Игуаин? Јувентус е спремен да им ја отвори вратата на сите што не се задоволни и сакаат да заминат. Игуан не ни кажа дека сака да замине, ќе видиме што ќе се случи“, додаде Алегри.