Дома Фудбал Италија Алегри кон новинарите: Вие пишувате, јас ве правам среќни

Алегри кон новинарите: Вие пишувате, јас ве правам среќни

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри призна дека направил грешка во дербито со Интер, но вети дека ќе ги пушти Дибала и Киеза како стартери на утрешниот дуел со Сасуоло.

„Дибала и Киеза ќе бидат во стартниот тим, што значи дека сите ќе бидат среќни. Вие пишувате, а јас ве правам среќни. Тие се двајва топ фудбалери и во неделата јас погрешив, но го предвидов мечот на сосема поинаков начин“, призна Алегри.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Го ставив Кулушевски кој требаше да го чува Брозовиќ. Не е проблем ако некој играч започне на клупата, има многу натпревари до крајот на сезоната, се надевам дека оваа сезона ќе одиграме 57 меча. Дибала и Киеза не се резерви, јас така одлучив бидејќи погрешив во проценката на мечот. Кога влегова во игра дадоа поголем квалитет во нашата игра“, додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…