Нема одмор за актуелниот шампион на Италија, но ќе има за првата ѕвезда на тимот.
Два натпревари ќе изиграат фудбалерите на Јувентус во Серија А до крајот на календарската година, а веќе кон средината на јануари ги чекаат нови искушенија на три различни фронта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во обраќањето на медиумите пред гостувањето кај Аталанта тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри потврди дека Кристиано Роналдо ќе го гледа натпреварот од клупата за резерви.
„Ќе биде на клупата за резерви со мене. За прв заедно ќе гледаме натпревар од клупата“, изјави Алегри.
Стратегот на „старата дама“ објасни дека внимателно го следи и учинокот на секој поединец, а потоа поентираше што е приоритет во случајот на Роналдо.
„Читав нешто за неговата статистика, головите и бројките, но тој тоа мора да го чува за март, за периодот кога продолжува Лигата на шампионите и кога ќе треба да направи разлика.
Верувам дека е уште подобар од претходните сезони“, додаде Алегри.
Натпреварот од 18-тото коло во Серија А помеѓу Аталанта и Јувентус се игра на вториот ден на католичкиот Божиќ.
„Божиќните подароци во Јувентус се заслужуваат во текот на сезоната, а се добиваат на крајот на сезоната, па така има уште време за делење подароци“, се пошегува на крајот италијанскиот стратег.