Дома Фудбал Алвес: Бензема ја заслужува „Златната топка“

Алвес: Бензема ја заслужува „Златната топка“

Бразилскиот дефанзивец Дани Алвеш се врати во шпанската Ла Лига и му помогна на каталонскиот гигант да избори место во топ-4, а засега не знае дали ќе остане во Барселона и следната сезона.

Алвеш даде едно интервју за шпанскиот медиум „Марка“, при што зборуваше за иднината на Барселона, но и за напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој игра во фантастична форма.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Бензема има шанси да ја освои ‘Златната топка’. Тој ја заслужува наградата затоа што има големо влијание на теренот. Има и фудбалери од Манчестер сити и Ливерпул кои може да се борат за неа, но Бензема работи за неа, а тоа го покажуваат и резултатите на Реал Мадрид. Тој го предводеше неговиот тим и ја заслужува наградата“, вели Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најверниот војник на Гвардиола го напушта Манчестер Сити по девет години

Капитенот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, ќе го напушти клубот на крајот од тековната с…