Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Албански навивачи упаднале во хотелот каде се сместени српските фудбалери

Албански навивачи упаднале во хотелот каде се сместени српските фудбалери

Непријатна ситуација се случи во Аугсбург, односно во хотелот „Максимилијан“ во кој се сместени српските репрезентативци.

Како што објавија српските медиуми, албанските навивачи влегле во хотелот со намера да испровоцираат на кого ќе наидат од делегацијата која отпатува од Белград на Европското првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тројца мажи неовластено се обиделе да влезат во забранетата зона на хотелот каде се наоѓаат српските фудбалери, но веднаш реагирала српската полиција која е задолжена да ги обезбедува фудбалерите.

Имено, тие се возеле низ хотелот, пуштале гласна музика, покажале двоглав орел и викале на цел глас. Така се обиделе да ги испровоцираат српските фудбалери и делегацијата во Аугсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Конор Мекгрегор осуден за силување

Поранешниот шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор, беше прогласен за виновен за сексуален напад …