Шпанскиот фудбалер Гави го пропушти денешниот тренинг поради полесна повреда, еден ден по ремито на неговата репрезентација со Германија на Светското првенство.
Младиот играч за врска вчерашниот натпревар (1:1) го заврши во 66. минута, а според информациите не се очекува повредата да влијае на неговиот настап во последното коло од групата Е против Јапонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гави беше стрелец во првото коло на Мундијалот во убедливата победа против Костарика (7:0), со што стана најмладиот стрелец на Мундијалите од 1958 година после Пеле.
Шпанија во последното коло влегува како првопласирана и со четири бода, а за пласман во осминафиналето доволно е и реми. Јапонија и Костарика имаат по три бода, а Германија е последна со бод.
Во последното коло в четврток Шпанија од 20 часот игра против Јапонија, а во исто време се среќаваат Германија и Костарика.