Вистинска драма се случува во Милан. Неверојатниот 18-годишен голман и наследникот на Џанлуиџи Буфон не сака да го продолжи договорот кој му трае до 30. јуни 2018 година.
Скромниот Италијанец повеќе пати нагласи дека сака да остане во клубот за кого навива од детството и да стане негов капитен, но нема ден, а медиумите од Апенините и Островот да не напишат нешто што го говори спротивното.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации, Донарума, чиј менаџер е контроверзниот Мино Раиола, неодамна одлучил да не го продолжи договорот со Милан, туку следното лето како слободен играч да си замине. Раиола од новите сопственици од Кина бара гаранции дека тимот на Винченцо Монтела ќе добие доволно средства за засилувања и ќе се врати на старата слава, во спротивно младиот голман ќе ја напушти Ломбардија, но и Италија.
Како што пишуваат италијанските медиуми, младиот голман им се доверил на своите пријатели и им рекол дека е подготвен да се пресели во Премиер лигата.
На Островот вистинска битка за него водат двата клуба од Манчестер, Јунајтед и Сити. Богатиот клуб од „Олд Трафорд“ е подготвен да му понуди на Донарума пет годишен договор со неделна плата од 87.000 евра, што некаде е околку 4,2 милиони евра по сезона.
Интересно е тоа што Раиола и медиумите неодамна направија сценарио за тоа дека детето на Милан би можело да заврши во Јувентус, но „Росонерите“ одлучија да го негираат тоа, исто како и самиот голман бакнувајќи го грбот на Милан по поразот од 2:1 во Торино.
Меѓутоа, иако кинеските сопственици и извршниот директор на Милан, Марко Фасоне изјавија дека новиот договор и останувањето на Донарума е приоритет, италијанските и англиските медиуми повторно го тврдат спротивното. Дали станува збор за нов план на Раиола да ја зголеми платата на својот играч на „Сан Сиро“ или во сето ова има вистина, останува да видиме.