Во таборот на ПСЖ владее вистинска еуфорија поради победата на овој во вчерашниот реванш од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Барселона.
ПСЖ загуби во првиот натпрев со 3:2, но вчера победи со 4:1 и така се пласираше помеѓу најдобрите четири екипи во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еуфорична изјава по натпреварот имаше и првиот човек на гигантот од Париз, Насер Ал Келаифи.
„Бевме одлични, сите се бореа еден за друг. Многу го посакувавме пласманот во полуфиналето и на крајот успеавме. Го имаме најдобриот тренер во светот, ова е величенствен момент за клубот. Навистина не е лесно да ја победите Барселона на нејзин терен. Сакам да кажаме дека вакво нешто не сум видел во последните 13 години во ПСЖ, а тоа е дека сите играчи беа заедно и дека атмосферата е фантастична“, изјави Келаифи.
ПСЖ во полуфиналето ќе игра против Борусија Дортмунд и ќе биде интересно да се види кој од овие два тима ќе игра во финалето каде што од другата страна ќе ги чека силен противник.