Дома Фудбал Ал Келаифи им порача на играчите: Ако продолжите да се однесувате како ѕвезди – чао!

Ал Келаифи им порача на играчите: Ако продолжите да се однесувате како ѕвезди – чао!

Нема клуб кој во оваа деценија потроши повеќе пари од ПСЖ.

Откако стана сопственик Ал Келаифи многу ѕвезди и некои од најдобрите играчи на светот пристигнаа на Паркот на Принцевите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, се чини дека на сопственикот на ПСЖ му досадило однесувањето на неговите фудбалери кои благодарение на огромните примања нивното однесување е под нивото.

На Ал Келаифи очигледно тешко му паднало испаѓањето од Јунајтед во ЛШ и одлучи да го покаже својот авторитет.

Во разговор за Франс Фудбал сопственикот на ПСЖ јасно порача на играчите дека мора да си ја превземат одговорноста, а во спротивно можат да заминат од клубот.

„Не сакам повеќе да се однесуваат како ѕвезди.“ – изјави Ал Келаифи и додаде:

„Играчите мора да ја превземат одговорноста повеќе од сега. Се треба да биде поинаку. Мора да работат повеќе и понапорно. Не се тука да уживаат. Ако не се сложуваат со тоа вратата им е отворена. Чао.“

ПСЖ за сега нема донесено нов играч, а причината за тоа е промената на раководството во клубот. Антеро Хенрих повеќе нема да биде спортски директор, а него го наследи повратникот Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната на Реал „распарчена“ пред четири тешки гостувања

По репрезентативната пауза, Реал Мадрид има четири врзани гостувања, а одбраната е значите…