Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ако се повтори историјата од 1966 година – Англија ќе биде светски шампион! (фото)

Ако се повтори историјата од 1966 година – Англија ќе биде светски шампион! (фото)

Селекцијата на Англија можеби по подолг период има генерација која игра без посериозен притисок за голем успех како некои претходно, но една традиција и тоа како оди во нивна полза.

Селекторот Герет Саудгејт во Русија допатува со подмладени сили, а после две кола веќе имаат обезбеден пласман во следната фаза. Во последното коло вечерва ги очекува натпревар против Белгија и тоа ќе биде директен дуел за првата или втората позиција, бидејќи и двете слеекции го обезбедија пласманот во осминафиналето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Англија Мундијалот го започна со тешка победа против Тунис од 2:1, за потоа да ја декласира Панама со 6:1.

Во својата историја „Гордиот Албион“ еднаш се израдувал на светската титула и тоа во 1966 година.

Во таа 1966 година се случија три работи:

Имено, Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, Челзи заврши на петтата позиција, а Барнли се квалификуваше во Европа – Англија го освои Светското првенство.

Истите работи се повторија и во оваа 2018 година…За сликата да биде комплетна недостасува само уште Англија да биде шампион на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Реал му зададе уште еден тежок удар на Ливерпул: „Нема да ви дадеме 25 милиони, тој доаѓа кај нас бесплатно“

Реал Мадрид ова лето беше особено активен на пазарот кога станува збор за нови засилувања,…